Во Гостивар комеморативна седница за загинатите во несреќата

Макфакс

14/02/2019

09:26

1.680

Големина на фонт

а а а

Советот на Општина Гостивар во 12 часот ќе одржи комеморативна седница за загинатите во трагичната несреќа.На комеморативната седница ќе присуствува и премиерот Зоран Заев, кој претходно во 10:30 часот ќе ги посети повредените граѓани во страотната сообраќајна несреќа што се случи во близина на село Ласкарци, а кои се сместени во болницата 8-ми Септември.

Потоа, Заев ќе се упати кон Гостивар кадешто во 12 часот ќе присуствува и ќе се обрати на Комеморативната седница во чест на загинатите граѓани во сообраќајната несреќа којашто ќе се одржи во Општина Гостивар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг