Пред Градската болница роднините чекаат информации за повредените во автобуската несреќа

Макфакс

13/02/2019

20:59

10.777

Големина на фонт

а а а

Пред Градската болница „8 Септември“ собрани се стотици членови од семејствата, роднини и пријатели на повредените и загинатите од денешната автобуска несреќа што се случи на автопатот Скопје – Тетово.

Официјалните информации се дека загинати се 13 лица, но голем е бројот на тешко повредените, а семејствата тешко доаѓаат до информации. Тие чекаат било каква информација за здравствената состојба на повредените.

„Поминаа повеќе од 3 часа, информациите ги добиваме од медиумите, редно е да добиеме било какви нови сознанија“, реагираат семејствата.

Се чека и официјална информација од МВР за тоа како се случила несреќата. Разговарано е со возачот на автобусот, кој е повреден и хоспитализиран, но е надвор од животна опасност. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, сè уште се нема изјаснето за случајот, бидејќи полицијата и обвинителството се на терен и работат на утврдување на причините за несреќата. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг