Наредба за анализа на крв и урина од возачот и за вонреден технички преглед на автобусот

Макфакс

13/02/2019

20:54

5.821

Големина на фонт

а а а

Јавен обвинител од Основното јавно Скопје врши увид на местото на тешката сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје – Тетово и во која до овој момент 13 лица го загубија животот, а повеќемина се повредени, информираат од обвинителството.

Оттаму додаваат дека возачот на автобусот е повреден и хоспитализиран, а од страна на надлежен јавен обвинител е издадена наредба за анализа на неговата крв и урина. Со возачот на автобусот на компанијата „Дурмо турс“ разговарале и од полицијата, но министерот Оливер Спасовски засега не излезе со никаква официјална изјава за настанот.

Според првичните информации од увидот, несреќата се случила попладнево кога автобусот со гостиварски регистарски таблички преминал преку заштитната ограда на спротивна страна од автопатот, потоа излетал од патот и се превртел во близина на селото Ласкарци.

Во насока на утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител ќе издаде наредби за обдукција на починатите лица, како и за вонреден технички преглед на возилото.

Во текот на ноќта местото на несреќата ќе биде обезбедено, а увидот и извлекувањето на автобусот ќе продолжи во текот на утрешниот ден, соопштуваат од обвинителството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг