Филипче: 13 загинати во автобуската несреќа на автопатот Скопје – Тетово

Макфакс

13/02/2019

20:07

7.408

Големина на фонт

а а а

Тринаесет лица загинале во автобуската несреќа која попладнево се случи на автопатот Скопје-Тетово, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој во изјавата во градската општа болница „8 септември“, рече дека седуммина од патниците починале на самото место.

Филипче додаде дека меѓу загинатите има и помлади лица на возраст од 25-30 години. Меѓу починатите патници нема деца, а преживеал и возачот на автобустот.

Во болницата „8 септември“ хоспитализирани се вкупно 33 лица, а петмина биле донесени во тешка состојба и им подлегнале на повредите. Четворица до донесените повредни се на интензивна нега, посочи Филипче.



Спонзорирани линкови

Маркетинг