Им нема крај: После една седмица Apex Legends ја играат 25 милиони гејмери!

Точка

13/02/2019

19:16

2.959

Големина на фонт

а а а

Додека многумина мислеа дека Fortnite никогаш нема да добие достојна конкуренција, Apex Legends на EA за само една седмица оствари невиден успех, собирајќи рекорден број на играчи.

Најновата видеоигра на творците на Titanfall ги врати „во игра“ Electronic Arts. Нивната верзија на Fortnite, наречена Apex Legends пристигна на пазарот пред една седмица и досега соборува бројни рекорди.

Да потсетиме, минатата седмица од оваа компанија гордо објавија дека после само 72 часа од пуштањето на играта, собрале 10 милиони играчи, а сега таа бројка се искачи на фантастични 25 милиони.


„Од самиот ден на излегувањето на играта, сведочиме на настанувањето и растот на заедницата Apex Legends која што е возбудлива и полна со креативни идеи“, изјави Винс Зампела, прв човек на Respawn Entertainment и креатор на Apex Legends, но и на Titanfall.

„Нашата цел е да создадеме игра во соработка со играчите, односно со нашата заедница. Продолжете да ни испраќате коментари за играта и ние ќе ве послушаме“, ппорача Зампела.


Успехот на EA со Apex Legends им даде шанса да бидат достојни конкуренти на Fortnite, игра која што минатиот декември забележа неверојатни 200 милиони играчи.

Apex Legends можете да ја симнете и да ја играте бесплатно, а достапна е на PlayStation 4, Xbox One и секако на компјутерите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг