Помпео им порача на американските војници: Путин сака да го уништи НАТО!

Точка

13/02/2019

16:21

1.857

Големина на фонт

а а а

Русија има намера да го разруши НАТО, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео за време на посетата на американските војници стационирани во воената база Бемово во Полска.

„Времињата се променија. Некогаш се плашевме од советска агресија. Денес нашите команданти повторно се фокусирани на руската агресија“, изјави шефот на американската дипломатија Мајк Помпео, по што ѝ се заблагодари на Полска за активното учество во НАТО Алијансата.

„Владимир Путин планира да го уништи нашиот сојуз“, изјави Мајк Помпео, укажувајќи на руската воена агресија во Украина и во Грузија.


„Поради тоа, ние го зајакнавме присуството на источното крило на НАТО Алијансата“, изјави американскиот државен секретар.

Помпео пристигна во Полска на министерската конференција за Блискиот исток која што ја организираат Соединетите Американски Држави и Полска, а ќе се одржува денес и утре во полскиот главен град Варшава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг