Лавров: Русија е против употреба на сила во Венецуела

Макфакс

13/02/2019

10:29

960

Големина на фонт

а а а

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го предупреди американскиот државен секретар, Мајк Помпео, дека Русија е против каква било употреба на сила во Венецуела, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Лавров во телефонски разговор на Помпео му рекол дека Русија е против какво било мешање во внатрешните работи на Венецуела, вклучувајќи и употреба на сила со која се заканува Вашингтон.

Тие разговарале и за санкциите кои се воведени на Русија поради труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка. Лавров рекол дека тој неоправдан потег само ќе ги влоши билатералните односи и атмосферата на меѓународната сцена.

Лавров и Помпео разговарале и за ситуацијата во Сирија и се согласиле дека е неопходен билатерален дијалог за имплементација на Резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на Обединетите нации која се однесува на мирот во Сирија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг