Заев: Отвораме дебата за промена на името на партијата

Макфакс

12/02/2019

20:47

5.112

Големина на фонт

а а а

Вечерва ќе се отвори и темата за промена на името на партијата, изјави премиерот Зоран Заев, пред почетокот на состанокот на Извршниот одбор на СДСМ.

„Има предлози да биде само Социјаледомкратски сојуз или Социјалдемократски сојуз на Северна Македонија“, рече Заев. 

Во врска со барањето за предвремените парламентарни избори тој изјави дека направиле анализи, истражувања и консултации со меѓународната заедница, меѓутоа не сака да влијае пред одлуката на Извршниот одбор. Одлуката за избори ќе биде во интерес на државата, рече Заев. 

За консензуален кандидат, премиерот рече дека негов предлог е да влезат во консултации со сите партии не само коалициски туку и со опозициски, вонпарламентарни и да се обидат да успеат бидејќи концептот е едно општество за сите. 

За промена на името на државата од вечерва, Заев изјави дека новиот Устав треба да се почитува да се покаже дека земјата ги извршува обврските од договорот. Пасошите добиваат печат на Северна Македонија, а регистрациите бесплатно ќе бидат сменети во НМК, рече Заев. 

„МВР има сериозни обврски, голем дел се завршени, ќе имаме печати на пасошите на излез од Грција, да се знае дека тоа е во сопственост на Северна Македонија. За регистарциите, каде што стои МК ќе биде заменето со НМК, односно ‘Норт Маседонија’ и тоа ќе биде бесплатно“, образложи премиерот и претседател на СДСМ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг