СДСМ одлучува за предвремени парламентарни избори

Макфакс

12/02/2019

17:42

584

Големина на фонт

а а а

По неколку одложувања , вечерва Извршниот одбор на СДСМ конечно треба да го соопшти ставот во врска со барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни заедно со претседатеслките избори.

Неофицијално, мнозинство од раководството во владејачката партија е против одржување избори на пролет, бидејќи државата, како што велат има други приоритети и реформи на кои треба да се фокусира. Но според најавите оттаму, сепак последната одлука сепак ќе биде донесена на состанокот , откако ќе дискутираат и за двете можности, како што најави и премеирот Заев пред неколку дена.

„Првата е дали да се определиме за еден цел нов мандат што е привлечно за политичарите, за да можеме да испорачаме економски ефекти, ефекти на реформи и подобрување на севкупниот живот или да превагне интересот на државата наспроти партиите“, изјави Заев во петокот.

На дневен ред на состанокот вечерва се очекува да се разговара и за претстојните претседателски избори, за кои веќе е познато дека СДСМ се уште го бара најсоодветниот кандидат за претседател, кој ќе биде избран на конгресот на 3 март, иако официјално не е целосно отфрлена опцијата Заев и Ахмети сепак да се договорат за консензуален кандидат.

Според неофицијални информации од СДСМ, не се исклучува можноста да се отвори и прашањето за преименување на партијата, бидејќи секој момент се очекува и официјално да влезе во употреба новото име на државата – Република Северна Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг