Google и Apple на удар на критики поради апликацијата со која мажите во Саудиска Арабија можат да ги следат жените

Точка

11/02/2019

21:47

2.765

Големина на фонт

а а а

Кога станува збор за бизарни ИТ новитети, Google и Apple неодамна пуштиле во продажба апликација која на мажите во Саудиска Арабија им овозможува да ги следат своите жени.

Пазарот на апликации на iTunes и Google Play сега на корисниците им нудат нови апликации под називот "Absher", која ја покрена владата на Саудиска Арабија за да ги спречи жените да ја напуштат земјата. 


Како апликација, "Absher" им овозможува на луѓето во Саудиска Арабија, особено на мажите да ги следат и контролираат патувањата на жените, што е во склад со саудискиот закон дека секоја жена мора да има машка придружба, односно сопруг, брат или татко кога патува или излегува во јавност.


Имено, на жените не им е дозволено сами да патуваат во Саудиска Арабија, бидејќи според тамошните верски закони жените се подредени на одлуките на мажите.

Од првото појавување на iTunes и Google Play продавниците, апликацијата "Absher" е преземена повеќе од милион пати, пренесува Big League Politics.



Спонзорирани линкови

Маркетинг