Кејт блесна во бела тоалета на британските филмски награди, а сите го забележаа детаљот кој го носела во знак на сеќавање на принцезата Дајана

Точка

11/02/2019

17:38

5.496

Големина на фонт

а а а

Доделувањето на Британските филмски награди (BAFTA) во салата Ројал Алберт во Лондон привлече големо внимание кај јавноста, како поради добитниците на наградите така и поради членовите на британското кралско семејство.

Многу впечатлива појава на овој настан имаа војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Вилијам носел елегантно црно одело, а Кејт блесна во прекрасна бела тоалета, која многумина ги потсети на венчаница. 


Преубавата Кејт носеше фустан во стил на грчка божица, со потпис на својата омилена модна куќа Александер Меквин. Својата тоалета ја надополни со обетки кои ѝ припаѓале на принцезата Дајана, како и алката која ѝ ја позајми кралицата Елизабета Втора, додека носеше штикли од брендот Џими Чу кои чинат 570 евра.


Кејт доби бројни комплименти поради својот изглед, а многумина истакнале дека таа изгледа како вистинска идна кралица.

Војвотката и војводата биле во одлично расположение и значително опуштени од кога и да било, што го пренесиле речиси сите британски медиуми.


Впечатливо беше нивното влегување во салата, каде се одржувало доделувањето на наградите. Кога се најави нивното доаѓање и кога зачекориле во салата, на момент се застанало и завладеала тишина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг