Погледнете како изгледа Акармара, рускиот град на духови кој брои само 35 жители

Точка

11/02/2019

16:48

5.900

Големина на фонт

а а а

Во рускиот град Акармара некогаш живееле повеќе од 5.000 жители, додека регионот броел повеќе од 40.000 луѓе, а сега ги има само 35. Денес се смета за бизарна локација која ја посетуваат туристите од сите делови на светот, а зградите кои некогаш биле полни со семејства денес се празни и напуштени.

Жителите на Акармара се разотидоа поради неисплатливост на индустријата на јаглен, падот на СССР, бидејќи грузиските сили го окупирале градот на почетокот на деведесетите, пренесува BBC. 


Од поголемиот број на семејства кои живееле во Акармара, денес таму живее само едно семејство. Зградите се напуштени и веќе пораснале треви, а со појавувањето на шумите зградите исчезнале. Фасадите одамна избледиле, бетонот речиси исчезна, а останатите 35 луѓе постојано земаат материјали од зградата за да ги препродаваат или да го подобрат изгледот на куќите. 

Во летниот период жителите често ги шетаат туристите низ градот и им ја раскажуваат историјата на случувањата. Исто така се организираат забави на кои присуствуваат жителите и туристите.


Едно време постоела идеја дека Акармара ќе се претвори во резорт кој би можел да биде временска капсула, за да се зголеми туризмот и со која би се покажало како изгледал градот во советските седумдесети години. Меѓутоа, за оваа идеја е потребна голема сума на пари која овој град, ниту Абазија како Република која не е призната, ги нема.




Спонзорирани линкови

Маркетинг