Обвинет за убиство: Висок украински службеник го наредил нападот на новинарката: Катја ја полиле со литар киселина, умрела 4 месеци подоцна

Точка

11/02/2019

21:31

5.946

Големина на фонт

а а а

Висок украински регионален службеник е обвинет денес за организирање на напад со киселина од кој починала антикорупциската активистка Катерина Ганџјук, рекол украинскиот државен обвинител Јуриј Лученко.

Лученко навел дека претседателот на парламентот на регионот Херсон, Владислав Мангер, е обвинет за "организирање на убиството на Катерина Ганџјук". 

На Катерина Ганџјук, новинарка и советничка на градоначалникот на Херсон, која ја напаѓала корупцијата во регионалната полиција, еден напаѓач минатиот јули и фрлил литар сулфурна киселина во лице пред нејзиниот стан.

Таа четири месеци подоцна им подлегнала на повредите на 34 години. Уапсени биле шест осомничени лица нападот, но досега никој не бил уапсен или обвинет за нарачување на нападот .

Според изводите од обвинението, Мангер имал "личен анимозитет" кон жртвата која често зборувала за илегалното сечење на шумите под маската на подметнатите пожари во Херсонската област.

Мангер бил член на партијата Батковшчина на некогашната премиерка Јулија Тимошенко, сега кандидатка за претседателските избори на 31-ви март. Од партијата бил исклучен во петокот, откако се појавиле гласини за негова можна вмешаност во убиството на Ганџјук.

Државниот обвинител Лученко се смета за близок до шефот на државата Петро Порошенко, кој на изборите ќе бара втор мандат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг