Воениот рок во една земја трае 10 години, а во друга синовите и браќата на убиените не одат на регрутација: Вака се враќа долгот кон државите ширум светот

Точка

11/02/2019

15:15

1.269

Големина на фонт

а а а

Речиси 60 земји ширум светот уште имаат некој облик на регрутација.

Додека служењето на војска во нашата земја е доброволно, во некои земји тоа е задолжително за да се овозможи одржување на воените сили. 

Русија

Една година воена служба е задолжителна за мажите на возраст од 18 до 27 години. Земјата дозволува некои исклучоци, па така, на пример, синовите или браќата на убиените во текот на воена служба се ослободени од воен рок.

Швајцарија

Воената служба е задолжителна за мажите во Швајцарија. Оваа држава дури во 2017-та година почнала да размислува за додавање на жени во воените редови.

Израел

Израелските мажи мора да служат во одбранбените сили три години. Жените се регрутираат на две години, додека на трансродните луѓе им е дозволено да служат од 1993-та. Обврската важи за сите граѓани, а поштеда може да се добие само на основа на здравствени проблеми и припадност на некои верски групи. Врвните спортисти може да се надеваат на кратење на воениот рок.

Норвешка

Норвешка била првата земја во НАТО која ја проширила регрутацијата на жени. Таа исто така била една од првите земји во светот кои им овозможиле на трансродните лица да служат, менувајќи ја својата политика во 1973-та година. Воената обврска на земјата е селективна: секој мора да се регистрира, но не мора да биде повикан да служи.

Кина

Иако Кина наметнува воена служба, таа рутински ги пречекорила целите за вработување и нема потреба за дополнителна регрутација.

Иран

Служењето на воен рок е задолжително за мажите во Иран, а тоа трае од 18 месеци до 2 години.

Северна Кореја

Северна Кореја има најдолго служење на воен рок на светот. Мажите мора да служат 10 години, почнувајќи со 17 години. Жените мора да служат седум години.

Египет

Мажите во Египет мора да служат воен период од една до три години, во зависност од степенот на образование.

Австрија

Во Австрија мажите можат да бидат меѓу шест месеци воена служба и девет месеци цивилна служба. Австрија им дозволила на трансродните лица да служат војска во 2004-та година.

Тајван

Тајван се обврзан дека до 2011-та ќе престане со регрутирање. Земјата се приближува до својата цел за доброволни сили, но се соочува со препреки бидејќи помладите генерации не сакаат да служат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг