Страшна епидемија на ебола во Конго – умреа речиси 100 деца

Макфакс

11/02/2019

11:30

895

Големина на фонт

а а а

Речиси сто деца починале минатата година во Демократска Република Конго, поради епидемијата на ебола, а ситуацијата е се полоша бидејќи бројот на нови случаи на заразени се удвои во текот на минатиот месец, соопштија од организацијата Save the Children, а пренесува Си-ен-ен.

Од почетокот на епидемијата во август минатата година, 97 деца починале од оваа вирусна болест. Од нив, 65 биле помлади од 5 години.

Но, ситуацијата сега се чини уште посериозна, бидејќи во јануари годинава забележано е зголемување на бројот на нови случаи, така што бројката на заболени се зголеми од дваесет, на четириесет неделно. Само во последните три недели биле забележани 120 нови случаи на инфекција од ебола.

Од ебола во просек умираат половина од заразените, но во оваа последна епидемија стапката на смртност е околу 60%.

Симптомите вклучуваат висока температура, болки во телото, гадење, повраќање, дијареа и понекогаш крварење во бубрезите и црниот дроб.

Тековната епидемија на ебола во Конго е втора најсмртоносна во историјата на земјата, по онаа која изби во Западна Африка во 2014 година, при што умреа повеќе од 11.000 луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг