На социјалната мрежа Твитер се појави фотографија од состојбата на студентскиот дом “Пелагонија”, на која се забележува еден куп фрлени ќеси, шишиња и разни други отпадоци.
“Што ќе ни е политика кога нам ни треба колективно некој да ни расчачка по тоа главите и еден добар час по општа култура, хигиена, комуникација, ресоцијализација...”, стои во описот на фотографијата.
Студентски дом „Пелагонија” - Скопје
— Дарко од Дојран (@darko_od_dojran) February 10, 2019
Република Северна Македонија;
Република Македонија;
ПЈРМ;
Што ќе ни е политика кога нам ни треба колективно некој да ни расчачка по тоа главите и еден добар час по општа култура, хигиена, комуникација, ресоцијализација... pic.twitter.com/IoZnVRXgtT
Жители, но и студенти од домот ја потврдуваат оваа страшна глетка, а повеќе од очигледно е дека за оваа страшна слика се заслужни оние кои престојуваат во него.