Страшни снимки од местото на несреќата на Дедиње: Водителката Деа со десната рака се држела за раната, по улицата расфрлани нејзините работи

Точка

09/02/2019

19:41

9.990

Големина на фонт

а а а

Водителката Деа Џурџевиќ успешно заздравува по тешката сообраќајна несреќа, а најновите снимки од лице место денес испливале во јавноста.

На нив се гледа како водителката на носилки ја пренесуваат до возилото на Итната помош, како и дека нејзините работи се расфрлани секаде наоколу. 

На снимките се гледа и како Деа со десната рака се држи за раната, откако во сообраќајната несреќа која се случила во четвртокот рано наутро во близина на болницата "Драгиша Мишовиќ", автобус и ја откинал раката.

"Последните сознанија се дека нејзината здравствена состојба е подобрена. Лекарите се задоволни од операцијата и постоперативниот тек. Во недела истекуваат 72 часа по операцијата и тоа е рокот кој треба да биде испочитуван за најдобро да се видат резултатите од операцијата", рекол Младен Мијатовиќ.