Погледнете како ќе изгледа новиот паметен часовник на Самсунг

Точка

06/02/2019

16:55

3.660

Големина на фонт

а а а

Самсунг наскоро ќе ја освежи својата понуда на „носиви“ уреди, како и „семејството“ на Galaxy S паметните телефони.

Новите уреди ќе бидат претставени на традиционалниот евент “Unpacked”, а деновиве се појавија првите рендери од новиот паметен часовник на јужнокорејската компанија – Galaxy Sport.

Овој паметен часовник првенствено ќе биде наменет за сите оние кои што ги сакаат активностите на отворено, а часовникот ќе понуди и одредено ниво на отпорност на вода.


Најинтересниот момент е секако изостанувањето на ротирачкиот раб кој што е присутен кај сите стандардни паметни часовници на Самсунг, се наоѓа околу екранот и се користи за бирање на апликации и нивна контрола. Меѓутоа, новиот Galaxy Sport наместо тоа, ќе користи две кружни копчиња за контрола на функцијата на часовникот.

Исто така, Самсунг го унапреди и својот Tizen OS да биде повеќе прилагоден на ваквите уреди, а воведе и нови методи на користење, така што отстранувањето на ротирачкиот раб да не влијае негативно на корисничкото искуство.


Наводно новиот Galaxy Sport ќе може да следи и повеќе од 40 активности, ќе има функции за следење на сонот, движењето, активностите, отчукувањето на срцето и локацијата, а ќе понуди и навигација.

Што се однесува до останатите спецификации, познато е дека ќе има Bixby Reminder функција, 4 GB RAM меморија, Wi-Fi, Bluetooth и функција за мобилно плаќање преку NFC.