Мицкоски на средби во ЕПП: Постои сомнеж дека Заев сака да ги украде претседателските избори

Макфакс

05/02/2019

15:48

1.052

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, втор ден ја продолжува посетата на Брисел на политичкото Собрание на Европската народна партија (ЕПП).

Тој најпрвин оствари средба со Дејвид Мекалистер, кој е претседател на ЕПП и истовремено претседавач на Комитетот за надворешна политика при ЕП. Потоа со господинот Иво Вајгл, кој е известувач за Република Македонија во ЕП и веднаш по завршувањето на пленарната седница на политичкото Собрание реализираше средба со Манфред Вебер, кој е претседател на парламентарната група на Европската народна партија и истовремено кандидат за претседател на ЕК од редовите на ЕПП.

По средбите Мицкоски посочи дека владеењето на правото и правната држава се загрозени во Македонија.

Во текот на средбите се разговарало за актуелната политичка и економска ситуација во Република Македонија. ,,Практично разговараа за сите оние неуспешни политики коишто владата на СДСМ и Зоран Заев ги реализираат во Република Македонија”, соопшти партијата.

„Ги запознав моите соговорници за отсуството на владеење на право и на изгубената правна држава, изгубената доверба на граѓаните на Република Македонија, којашто практично е основен мотив истите да ја напуштат земјата. При средбата ги илустрирав оние последни 4 случаи што се случија пред некој ден, а тоа е гранатирањето на дуќан во центар на Скопје, запалените 2 угостителски објекти, едниот во Старата скопска чаршија, а другиот во општина Бутел. И оној вооружен грабеж што исто така се случи во главниот град на Република Македонија”, потенцираше Мицкоски.

Тој посочи дека постои оправдан сомнеж дека Зоран Заев сака да ги украде претстојните претседателски избори. Побарав организирањето на фер и демократски избори да биде еден од условите за почнување преговори со ЕУ. Истовремено не ја испуштив можноста да лобирам, доколку се исполнат сите овие критериуми, да биде овозможен напредок во европските интеграции на земјава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг