Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку неговиот профил на „Твитер“ соопшти дека на 6-ти февруари ќе биде потпишан пристапниот документ за членство на Македонија во Алијансата.
„На 6-ти февруари ќе испишеме историја. Сојузниците на НАТО ќе го потпишат пристапниот протокол со идната Северна Македонија, заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров“, напиша Столтенберг на социјалната мрежа.
On 6 February we will write history: #NATO Allies will sign the accession protocol with the future Republic of North Macedonia together with FM @Dimitrov_Nikola. pic.twitter.com/vyJVHJm9D5
— Jens Stoltenberg (@jensstoltenberg) February 2, 2019
Церемонијата на потпишувањето ќе се одржи во седиштето на НАТО во Брисел. По потпишувањето на пристапниот протокол, секоја од земјите членки на НАТО ќе треба да го ратификува членството на Македонија. Се очекува оваа процедура да заврши кон крајот на годинава или почетокот на следната година, со што Македонија официјално ќе стане членка на НАТО откако сите 29 членки ќе го ратификуваат протоколот.