Бидете на вистинската страна на историјата: Опозиционерот ги отфрли предлозите, ситуацијата во Венецуела пред ескалација

Точка

02/02/2019

10:30

2.375

Големина на фонт

а а а

Опозицискиот лидер и претседател на парламентот на Венецуела, Хуан Гуаидо изјави дека ги отфрла понудите на претседателите на Мексико и Уругвај да преговара со претседателот Николас Мадуро.

Гуаидо синоќа го објави писмото кое што им го испратил на двајцата лидери, истакнувајќи дека иако многу ги почитува, нивниот предлог сепак ќе го отфрли.

Опозицискиот лидер Гуаидо кој се самопрогласи за привремен претседател на државата и веднаш беше признат од САД и речиси сите јужноамерикански држави, побара од претседателите на Мексико и Уругвај да бидат на вистинската страна на историјата и им порача дека доколку бидат неутрални, тогаш застануваат на страната на Мадуро.


Гуаидо се прогласи минатата седмица за преоден претседател и како што вели, негов приоритет е симнување на Мадуро од власт и организација на демократски избори во Венецуела. САД, кои што му даваат голема поддршка на Гуаидо, исто така ги отфрлија предлозите на Мексико, Уругвај и Ватикан да посредуваат во дијалогот.

После ова, речиси сигурно е дека нема да има никаков дијалог помеѓу Гуаидо и Мадуро, а тоа би можело да ја втурне земјата во крвава граѓанска војна. Актуелниот претседател Николас Мадуро засега ја има поддршката на армијата и токму поради тоа се уште е на власт.


Сепак, меѓународниот притисок врз Мадуро расте, а Американците и Британците веќе блокираа милијарди долари на Венецуела кои што веќе режимот на Мадуро нема да може да ги користи, па доколку притисокот продолжи, а двете страни немаат дијалог, ситуацијата може да ескалира во нешто многу поопасно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг