Италија не го признава Гуаидо како привремен претседател на Венецуела

Макфакс

01/02/2019

09:45

975

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот заменик-министер за надворешни работи, Манлио ди Стефано, изјави дека Италија не го призна лидерот на венецуелската опозиција и шеф на Националното собрание, Хуан Гуаидо, како привремен претседател на земјата во услови на ескалација на политичката криза во земјата.

„Италија не го признава Гуаидо бидејќи апсолутно се спротивставуваме на фактот дека една земја или група од трети земји може да ги одредуваат внатрешните политики на друга земја. Ова се нарекува принцип на немешање и е признат од страна ОН” изјави Ди Стефано за телевизијата Tv2000 во четвртокот.

Ди Стефано, исто така, ја нагласи дека е важно во Венецуела да се избегне избување воен конфликт, сличен на војната во Либија.

Во меѓувреме, другиот заменик-министер за надворешни работи на Италија, Гуљелмо Пики, напиша на Твитер во четвртокот дека неговата партија верува оти претседателството на Мадуро е при крај, повикувајќи на нови избори во Венецуела со учество на независни набљудувачи.

Италијанскиот министер за надворешни работи, Енцо Моаверо Миланези, во средата рече дека неговата земја го дели ставот на Европската Унија за венецуелската криза, повикувајќи на слободни и транспарентни претседателски избори во земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг