Главниот опозиционер потврди дека има тајни состаноци со војската: Венецуела пред крвава граѓанска војна?

Точка

01/02/2019

09:38

2.227

Големина на фонт

а а а

Хуан Гуаидо потврди дека имал тајни состаноци со војската, односно дека воениот врв на вооружените сили на Венецуела наскоро треба да премине на негова страна со цел режимот на Мадуро да биде срушен со „минимални крвопролевања“.

Лидерот на венецуеланската опозиција, Хуан Гуаидо, кој се прогласи за преоден претседател и веднаш беше признат од САД и повеќе влијателни земји, беше интервјуиран од страна на американски “New York Times”.

Тој во интервјуто, меѓу другото истакна дека опозицијата веќе имала одржано повеќе тајни состаноци со војската и безбедносните сили на Венецуела.

„За транзицијата ќе ни бидат потребни клучните воени контигенти. Имавме тајни состаноци со членовите на вооружените сили и силите за безбедност. Повлекувањето на поддршката на војската на режимот на Мадуро е клучниот чекор кон промената на власта во Венецуела“, изјави Хуан Гуаидо.


Според аналитичарите, се додека воениот врв е на страната на претседателот Мадуро, тешко дека ќе се случи било каква промена во оваа јужноамериканска земја која што ја тресе најголемата криза во последните неколку децении.

Сепак, Гуаидо се надева дека воениот врв наскоро ќе му го заврти грбот на Мадуро и режимот на актуелниот претседател ќе биде срушен со минимални загуби.

„За заминувањето од власт на Мадуро да биде спроведено со минимални крвопролевања, цела Венецуела мора да се обедини и да побара ставање крај на неговиот режим. За тоа да се случи, потребна ни е поддршката на про-демократската Влада, институциите и поединците од целиот свет“, изјави Гуаидо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг