Германија го одобри пристапувањето на Македонија во НАТО

Макфакс

31/01/2019

11:10

2.662

Големина на фонт

а а а

Германската Влада го одобри пристапувањето на Северна Македонија во НАТО. Ова ќе биде важен придонес за безбедноста во евроатлантската област истовремено обезбедувајќи важен импулс за натамошно стабилизирање на Западен Балкан, соопшти германската Влада.

Во соопштението се наведува дека сцената за прием на Северна Македонија во НАТО е поставена и се додава дека во февруари земјите-членки треба да го потпишат протоколот за пристапување на земјата во НАТО.

„Германската Влада ќе работи за брзо усвојување на протоколот, така што формалниот пристап може да се случи пред крајот на февруари. Во однос на надворешната политика, Северна Македонија има конструктивна улога во Западен Балкан. Ова стана особено јасно со својата подготвеност да се согласи на промена на името од Македонија во Северна Македонија“, се наведува во соопштението.

Од германската Влада сметаат дека пристапувањето ќе претставува значаен придонес во трансатлантската заедница на вредности.

„Во последниве години, Северна Македонија амбициозно го реформираше својот безбедносен сектор и направи голем напредок во областа на владеењето на правото и демократијата. Македонската Влада се заложи за решително продолжување на веќе започнатите реформи“, се вели во соопштението.

Владата на Бугарија вчера прва го одобри нацрт-протоколот на Северноатлантската спогодба за пристапување на Македонија во НАТО.



Спонзорирани линкови

Маркетинг