Единствена Македонија: Одговорност за грабежот на народни пари мора да има

Макфакс

29/01/2019

13:49

338

Големина на фонт

а а а

Одговорност за грабежот на народни пари мора да има, а украденото од позиција на власт ќе биде конфискувано не само од претходната власт туку од сите криминалци во изминатите 28 години, порача политичката партија Единствена Македонија преку соопштение.

Од партијата на Јанко Бачев додаваат дека само ако се врати украденото, Македонија ќе биде држава каква што ја сакаат македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија.

„Марионетската власт на Зоран Заев заглавена во безаконие, корупција и криминал продолжува да ја замајува јавноста со смешните обвиненија за поранешниот премиер Никола Груевски за набавката на луксузниот ‘мерцедес’, во кој сега без проблем се вози и Заев, па за некакви нарачани шлаканици во Општина Центар и најново од вчера – за укинување на пратеничката плата на Груевски.

Манипулациите на Зоран Заев повеќе не минуваат. Заев во предизборната кампања рече дека претходната власт на Груевски украла 5 милијарди евра и дека доколку СДСМ формира влада, сè ќе им биде одземено и конфискувано.

Наместо одземање на украденото од претходната власт, секојдевнно гледаме како се редат скандали со кражба на народни пари од Заев, актуелни министри, пратеници, владини советници, општински партиски претседатели на СДСМ, кои добиваат лиценци за бизниси, тендери и грантови во милиони евра“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг