Столтенберг му одговори на Димитров: Во тек е подготовка на пристапниот протокол

Макфакс

28/01/2019

15:54

1.693

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, испрати писмо до министерот за надворешни работи, Никола Димитров, со кое го потврдува приемот на упатеното писмо од страна на министерот Димитров од 21 јануари.

Столтенберг во писмото наведува дека во подготовка е пристапниот протокол кој е предвидено набргу да биде потпишан од страна на постојаните претставници на земјите членки на НАТО за што ќе следува и покана до Димитров за присуство на церемонијата на потпишувањето на протоколот.

„Со потпишувањето на пристапниот протокол почнува следната фаза од пристапниот процес по што следува ратификација на протоколот во националните парламенти на земјите членки на алијансата“, соопштија од Министерството за надворешни работи.

Во писмото Димитров ги изрази подготвеноста и способноста на земјата да ги прифати и почитува обврските и заложбите за членството во НАТО содржани во вашингтонскиот договор и студијата за проширување на НАТО од 1995 година формално изразувајќи интерес за добивање покана за пристапување кон НАТО.



Спонзорирани линкови

Маркетинг