Поранешниот советник на Трамп ослободен со кауција од 250.000 долари! Стоун: Не сум виновен, апсењето е политички мотивирано

Точка

26/01/2019

16:12

2.261

Големина на фонт

а а а

Поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Роџер Стоун, бил ослободен откако платил кауција од 250.000 долари, а неговиот случај бил префрлен на судот во Вашингтон.

Стоун бил уапсен во петокот наутро во својата куќа во Форт Лодердејл на Флорида и обвинет меѓу другото за давање на лажни изјави и обид за влијание над сведоци во рамките на истрагата на специјалниот обвинител Роберт Милер. 

Специјалниот обвинител Роберт Милер го товари Стоун по седум точки на обвинението, од кои една е за попречување на правда, за наводно лажење пред Одборот за разузнавачки прашања во Претставничкиот дом, за вршење притисок врз сведоци во истрагата на Милер за евентуалното мешање на Русија во претседателската кампања, а останатите пет за невистините тврдења за Викиликс и неговиот основач, Џулијан Асанж.

Пред судијата Стоун се изјаснил како невин, како и дека верува дека неговото апсење е политички мотиворано.

Тој на новинарите, откако излегол до зградата на судот, им рекол дека е "лажно обвинет", и дека било која грешка што ја направил при изјавите пред Одборот не била намерна.

Стоун е шестиот соработник на Трамп кој е обвинет во рамки на истрагата на специјалниот обвинител Милер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг