Сорос открил што мисли за Трамп: Америка и Кина се во Студена војна која се заканува да се вжешти, а претседателот ги поткопува нашите цели

Точка

25/01/2019

20:21

2.763

Големина на фонт

а а а

Американскиот милијардер со унгарско потекло, Џорџ Сорос, предупредил дека САД и Кина, двете најголеми светски економии, се заробени во "студена војна која наскоро би можела да се вжешти".

Сорос, како голем донатор во Демократската партија во САД и критичар на Трамп, зборувал на една приватна вечера на Светскиот економски форум во Давос. 

Неговиот коментар доаѓа во момент кога инвеститорите се се позагрижени поради сериозната економска криза, додека трговската војна на релација САД-Кина нанесува се поголема штета во деловното и потрошувачкото расположение.

Повикувајќи се на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп од крајот на 2017-та година, Кина да ја означи како стратешки конкурент, Сорос рекол дека таквиот пристап е "прилично поедноставен".

"Ефикасната политика кон Кина не може да се сведе на еден слоган. Таа мора да биде многу пософистицирана, подетална и попрактична, и мора да вклучува американски економски одговор на иницијативата "Појас и пат"", рекол тој.

"Реално, ние сме во студена војна која се заканува да прерасне во една вжештена војна. За жал, изгледа дека претседателот Трамп следи поразличен курс: да направи отстапки за Кина и да прогласи победа, додека истовремено ги повторува нападите над сојузниците на САД".

Вашингтон и Пекинг веќе со месеци се во трговски спор, а се очекувало дека јануарскиот собир на светските лидери во Давос ќе изроди платформа за понатамошни економски преговори на двете страни.

Меѓутоа, Белата куќа одненадеж го откажала доаѓањето на своја делегација на форумот, наведувајќи ја финансиската блокада како причина.

Следниот круг на преговори е закажан за крајот на овој месец, кога кинескиот вице-премиер Лју Хе ќе патува во Вашингтон.

Унгарско-американскиот бизнисмен, на истиот настан, го опишал кинескиот претседател Кси Џинпинг како "најопасен противник на оние кои веруваат во отворени општества".




Спонзорирани линкови

Маркетинг