Могерини и Јункер: Атина и Скопје напишаа нова страница за нашата заедничка иднина во ЕУ

Макфакс

25/01/2019

15:49

905

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, и високата претставничка за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, преку заедничко соопштение го поздравија ратифицирањето на договорот од Преспа и во грчкиот парламент.

„Од самиот почеток ЕУ силно го поддржа историскиот договор потпишан од премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев под покровителство на Обединетите нации. Потребна беше политичка храброст, лидерство и одговорност од сите страни за да се надмине еден од најтешките спорови во регионот. Двете земји ја искористија оваа уникатна шанса која дава пример за помирување во цела Европа и ќе донесе дополнителен поттик за европската перспектива на регионот“, се вели соопштението на еврокомесарите.

Додека сме во исчекување на следните процедурални чекори што ќе водат кон целосна имплементација на договорот, веќе можеме со сигурност да кажеме дека Атина и Скопје, заедно, напишаа нова страница за нашата заедничка иднина во ЕУ, се додава во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг