Забрана за камиони и автобуси на повеќе патни правци низ Македонија

Макфакс

25/01/2019

15:09

1.096

Големина на фонт

а а а

Поради обилните врнежи од снег од Авто мото-сојузот на Македонија информираат дека од 11 часот на сила стапила забрната за движење на тешки товарни возила на планинскиот превој Барбарос, поточно на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп и на патот Прилеп-Кавадарци, на планинскиот превој Плетвар, додека пак од 12 часот на сила спати забраната за движење на камиони и на патниот правец Крива Паланка граничен премин Деве Баир.

Од раните утрински часови беше воведена забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси и на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а забрана само за тешки товарни возила има и на патот Дебар – Маврови Анови и обратно и планинскиот превој Стража.

Во 11:00 часот, како што информираат од АМСМ престана да важи забраната за тешки товарни возила на А-3 планински превој Ѓавато од Ресен према Битола.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија пат. Снег врне во Тетово, Гостивар, Кичево, на Попово Шапка, Маврово, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг