Поранешниот претседател на Украина осуден за предавство

Макфакс

24/01/2019

13:50

1.462

Големина на фонт

а а а

Судот во Киев го прогласи поранешниот претседател на Украина, Виктор Јанукович, виновен за предавство.

Јанукович ја напушти земјата во 2014 година, за време на големите тензии во Киев поради нередите помеѓу полицијата и демонстрантите кои бараа приближување кон Европската Унија.

Поранешниот лидер, кој се наоѓа во Русија, е осуден за предавство, а ќе му се суди и за соучесништво и војна против Украина и планирање промена на границата на земјата, јави РСЕ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг