Детето веќе 10 дена е заробено на длабочина од 110 метри: Спасувачите наишле на опасен проблем, се менуваат на секој час

Точка

24/01/2019

11:10

3.657

Големина на фонт

а а а

Прво морале да ја наполнат дупката со песок и земја, а потоа повторно да ја избушат.

Десет дена страв, десет дена надеж, но спасувачите уште не го извлекле малиот Хулен од бунарот во Тоталан, во близина на Малага, во која паднал пред десет дена. 

Поради опасноста од рушење на паралелниот тунел, неговите внатрешни ѕидови се обложени со метални цевки, но како што пренела "La Vanguardia", цевките биле прешироки за да дојдат до долниот дел од шахтата длабока 80 метри, па поради тоа спасувачите морале да ги прошират во тој дел, што дополнително ја забавило акцијата.

Прво морале да ја наполнат дупката со песок и земја, а потоа повторно да ја избушат. Дури после тоа можеле да постават стабилизациски цевки и конечно да почнат со копање на хоризонтален тунел од четири метри за да дојдат до детето, за кое се верува дека се наоѓа на длабочина од 70-80 метри.

Потфатот е голем предизвик поради тесниот простор во тунелот, спасувачите мора да работат по двајца и тоа во лежечка положба, додека со бушилките пробиваат низ земјата и камењата. Се менуваат на секој час.

Според проценката на портпаролот на спасувачие, Анхел Гарсија Видал, за завршниот дел од работата ќе бидат потребни 20-24 часа.

Како паднало детето во бунарот

Детето, по име Хулен, е видено како паѓа во бунар додека со семејството шетало по приватен имот во Тоталан, кај Малага на југот на Шпанија, рекол за медиумите неговиот татко.

Спасувачите не можеле да влезат во бунарот бидејќи е широк само 25 сантиметри, а се верува дека е длабок повеќе од 100 метри. Меѓу работите извлечени од бунарот пронајдена е коса, а со ДНК анализа било потврдено дека му припаѓа на детето. Досега не биле регистрирани знаци на живот.

Бунарот, кој е премногу тесен за во него да влезе возрасно лице, бил ископан пред еден месец, во текот на работата за истражување на вода.



Спонзорирани линкови

Маркетинг