Нови проблеми за Путин: Главниот кандидат за претседател на Украина има еден приоритет - членство во НАТО!

Точка

24/01/2019

12:04

2.333

Големина на фонт

а а а

Јулија Тимошенко својата претседателска кампања ја започна со откривање на нејзиниот најголем приоритет – членство на Украина во НАТО Алијансата.

Поранешната премиерка на Украина и актуелен лидер на украинската опозиција, Јулија Тимошенко, официјално ја започна својата претседателска кампања за изборите кои што ќе се одржат на 31-ви март.

Според актуелните анкети во Украина, токму Тимошенко има најголеми шанси за победа на претседателските избори во оваа земја.

По започнувањето на претседателската кампања, Тимошенко порача дека нејзина главна задача ќе биде борбата против корупцијата, порача дека ќе ги зголеми платите и дека ќе ја забрза интеграцијата на Украина во Европската унија и НАТО Алијансата.


Тимошенко има голема поддршка од украинските националисти. Таа беше затворена за време на владеењето на претходниот про-руски претседател Виктор Јанукович откако тој ја порази на изборите во 2010-та година.

Сепак, четири години подоцна Јанукович беше симнат од власт, а иако се очекуваше токму Тимошенко да ја превземе власта во Киев, тогаш на изборите ја порази актуелниот украински претседател Петро Порошенко.

Сега Тимошенко има шанса за реванш и има големи шанси за победа, посебно откако актуелниот претседател Порошенко не стори премногу за справувањето со корупцијата, а многумина сметаат дека сега ситуацијата е полоша од времето на владеењето на Јанукович.


Според анкетите, Тимошенко има поддршка од 16% од гласачите, а актуелниот претседател Порошенко има 13,8%. Со оглед на тесното водство на Тимошенко, речиси сигурно е дека ќе има втор круг на избори кој ќе биде крајно неизвесен.

Тимошенко нагласи дека нејзин најголем приоритет ќе биде влегувањето на Украина во НАТО Алијансата, истакнувајќи дека тоа е единствениот начин на кој Украина ќе може да се справи со руската агресија.

За време на вчерашниот говор, Тимошенко порача: „Мораме веднаш да станеме земја членка на НАТО, ние немаме повеќе време за чекање“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг