10 знаци дека ви е потребна пауза од љубовта

Точка

23/01/2019

20:30

2.254

Големина на фонт

а а а

Повеќето жени кога-тогаш доаѓаат во фаза кога потполно не се неподготвени за некого.

Некогаш сте подготвени да влезете од една врска во друга, но доаѓа момент во кој сте си доволни самите на себе и во кој не ви е потребен партнер.

Знаците дека не ви е до нова љубов и дена ви е потребна барем мала пауза се следниве:

1. Имате паничен напад кога и да ви се појави пред очи некој среќен пар.

2. Ве нервираат слики од млади парови на социјалните мрежи.


3. Размислувате да му се јавите на поранешниот партнер, со кој врската ви била многу лоша.

4. Барате брза замена за поранешните партнери и лесно ги спуштате критериумите.

5. Ве нервираат другарките кои се во среќни врски.

6. Помислата на љубовен состанок ви звучи како измачување.

7. Излегувања не ве интересираат, а телевизорот ви е омилена занимација.


8. Сè повеќе сте убедени дека личност за вас не постои.

9. Ги заборавате сите добри работи и мислите дека животот ќе застане само затоа што немате момче.

10. Уверени сте дека сè ќе биде во ред кога ќе најдете нов партнер.

Доколку ова ве опишува вас, тогаш мора да научите да бидете сами, да се засакате себеси и да сфатите дека вашиот живот не смее и не може да зависи од некој друг, освен од самите вас! Направете пауза, средете си ги мислите и својот живот, а љубовта сама ќе дојде. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг