Мемфис се подготвени да се откажат од Гасол и Конли

Макфакс

23/01/2019

16:44

1.279

Големина на фонт

а а а

Челниците на НБА франшизата Мемфис Гризлис биле подготвени да ги слушнат понудите од другите тимови за двете најголеми ѕвезди во тимот, Марк Гасол (33) и Мајкл Конли (31).

Планот на Мемфис е во наредните години да го градат тимот околу Џарен Џексон.

Поради тоа тие се подготвени на размена со заинтересираните тимови. За Гасол и Конли, Мемфис Гризлис ќе бараат млади играчи или пикови од идните драфтови, со што би го реконструирале тимот.

Гасол по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч и Мемфис сега ја има последната шанса да добие нешто за него. Од друга страна Конли има договор до 2021 година според кој треба да добие уште 67 милиони долари.

Конли сезонава има просек од 20 поени по натпревар, додека Гасол во просек постигнува по 15 поени.

Доколку Марк Гасол замине од Мемфис тоа ќе значи крај на 18-годишната традиција некој од ова семејство да игра за оваа франшиза. Марк го носи дресот на Мемфис од 2008 година, а НБА кариерата во овој тим ја започна и неговиот брат Пау Гасол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг