Поранешната девојка на фудбалерот чиј авион исчезна: Истражете ја фудбалската мафија, не верувам дека ова е несреќа

Точка

23/01/2019

15:03

2.560

Големина на фонт

а а а

После повеќе од 24 часа потрага по исчезнатиот авион во кој што патувал новиот напаѓач на Кардиф, Емилиано Сала, мали се шансите дека фудбалерот ќе биде пронајден жив.

Сепак, неговата поранешна девојка, Беренис Шкаир преку социјалната мрежа Инстаграм ги моли надлежните да не ја прекинуваат потрагата по исчезнатиот авион кој што летал од француски Нант. Таа за трагедијата ја обвини фудбалската мафија, но тој коментар набрзо го избриша.

Најпрвин таа напишала кратка порака на социјалната мрежа Твитер, а потоа на Инстаграм објавила подолг текст. Сепак, подоцна пораките во кои што ја обвинува фудбалската мафија за авионската несреќа ги избришала од социјалните мрежи.


„Истражете ја фудбалската мафија затоа што не верувам дека ова е несреќа“, порачала Шкаир.

Со објавувањето на заеднички фотографии на Инстаграм, таа напишала: „Ве молам, не ја прекинувајте потрагата. Не можам да верувам дека потрагата е прекината поради лошото време. Не можам да поверувам дека потрагата е одложена за утре и дека вака се губи времето. Се чувствувам беспомошно. Не можам да престанам да мислам на тебе и се надевам дека ќе бидеш добро и на сигурно“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг