Американските сенатори Меконел и Шумер ќе гласаат за граничниот ѕид

Макфакс

23/01/2019

08:38

1.138

Големина на фонт

а а а

Лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, закажа гласање во четврток за целосно финансирање на пограничниот ѕид што го бара претседателот Доналд Трамп, а лидерот на малцинството на Сенатот, Чак Шумер, одговори со поднесување амандман кој ќе ја одблокира владата две недели без да се финансира изградбата на ѕидот, се вели на веб-страницата на Сенатот.

Двата гласа ќе бидат за амандмани на Законот за дополнително финансирање со кој ќе се обезбеди 12,1 милијарда долари за отворање на една четвртина од сојузната влада што е блокирана од 22 декември поради спорот околу граничниот ѕид. 

Демократите во двата дома на Конгресот бараат владата да биде одблокирана макар само привремено пред да преговараат за финансирање на граничниот ѕид. Напорите да се стави крај на ќор-сокакот се комплицирани од одбивањето на спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, да разговараат за финансирање на ѕидот дури и ако владата биде одблокирана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг