Париз како зимска бајка: Завеал снег на француската престолнина, Ајфеловата кула е затворена за посетителите

Точка

22/01/2019

18:26

1.872

Големина на фонт

а а а

Париз денеска изгледа како зимска бајка, поради снегот кој покрил голем дел од Франција, а симболот на престолнината - Ајфеловата кула е затворена за посетителите, но исто така и сообраќајот е пореметен.

Француската метеоролошка агенција „Mateo Frans“ соопштила дека владее паника во голем дел од земјата, поради опасното ниво на снег и мраз и ги предупредила луѓето да го ограничат своето движење.


Како што прецизирала, во вкупно 24 департмани е активиран портокаловиот аларм, пренесува „Local Frans“.

Во Париз денеска паднале околу 5 сантиметри снег, а Ајфеловата кула е затворена поради активните мерки за претпазливост, пренесува „АР“.


На француската престолнина исто така се откажани повеќе од 120 автобуски линии, како и одредени трамвајски линии.

Метеоролошката агенција ги предупредила граѓаните дека се очекува снег да паѓа до утре.