Исчезна авионот со најскапиот фудбалер на овој премиерлигашки клуб: Во сабота потпиша 17 милионски договор, а денес...

Точка

22/01/2019

12:13

3.951

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на англискиот премиерлигаш Кардиф, 28-годишниот Емилиано Сала бил во малиот авион кој исчезна од радарите додека летал над каналот Ламанш доцна синоќа.

Аргентинскиот напаѓач потпиша во текот на викендот за Кардиф Сити, а британските медиуми пренесуваат дека бил единствениот патник во авионот, покрај пилотите. Сала за Кардиф Сити во саботата потпиша договор вреден 17 милиони евра и стана најскапиот играч во историјата на клубот.

Како што пренесуваат британските медиуми, авионот исчезнал од радарите на оддалеченост од околу 20 километри северно од островот Гуернси.


Голема потрага и спасувачка операција е во тек. Крајбрежната стража добила повик за исчезнувањето на авионот во 20:23 по локално време, но потрагата била прекината после само два часа поради слабата видливост. Потрагата продолжила денес наутро во 8 часот.

Емилиано пред да се пресели во Кардиф настапуваше во екипата на Нант, а првиот човек на англискиот премиерлигаш Мехмет Далхам изјави дека е загрижен за Аргентинецот кој што денес требало да се појави на првиот тренинг во својот нов клуб.

Последната фотографија која што ја објавил на својот профил на Инстаграм била последната фотографија со неговите соиграчи од Нант со кои што ги поминал изминатите четири години.

View this post on Instagram

‪La ultima ❤️ ciao @FCNantes ????‬

A post shared by Emiliano Sala (@emilianosala9) on



Спонзорирани линкови

Маркетинг