Демократите бараат итно да се постигне компромис за историската блокада на владата

Макфакс

22/01/2019

10:48

1.059

Големина на фонт

а а а

Блокадата на Трамп над буџетот, која трае веќе 31 ден, претставува најдолгата блокада на федералната влада во Америка досега, а според тамошните медиуми, лидерот на републиканците во Сенатот има предлог за нејзино завршување.

Сепак, демократите сметаат дека предлогот на сенаторот Меконел е осуден на неуспех.

Планот на претседателот на САД предвидува имигрантите кои влегле во земјата илегално како деца да бидат заштитени три години од депортација, а содржи и продолжување на заштитниот статус за луѓе кои ја напуштиле својата земја поради насилство или природни катастрофи.

Трамп бара 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико.

„Претседателот во суштина претстави план за решавање на кризата на границата, за безбедност на границите и да ни го отвори патот за деблокирање на Владата”, рече заменик-претседателот на САД, Мајк Пенс.

Демократите, пак, повторија дека изградбата на ѕидот е неефикасно и скапо решение. Тие бараат од Трамп и републиканците прво да ја деблокираат работата на владата, а потоа да отворат дијалог за безбедноста на границата, пишуваат тамошните медиуми.

„Мислам дека заменик-претседателот и претседателот знаат дека тоа што го најави Трамп нема шанси да помине. Мислам дека претседателот само се обиде да го спречи падот на својот рејтинг, а тоа нас нема да нè донесе до деблокада на владата. Трамп на почетокот на блокадата рече дека тој е горд на тоа, но дека мора да биде прекинато, и тоа е она што очекуваме да го слушнеме од него”, изјави демократот од Калифорнија, Адам Шиф.



Спонзорирани линкови

Маркетинг