Американците го разоткрија Ким: Откриена е тајна ракетна база во Северна Кореја опремена со „опасни“ ракети

Точка

22/01/2019

13:22

2.374

Големина на фонт

а а а

Американски „тинк-тенк“ соопшти дека е откриена ракетна база во Северна Кореја која што властите од Пјонгјанг се уште ја немаат пријавено.

Ракетната оперативна база „Сино-Ри“ која што се наоѓа 212 километри северно од демилитаризираната зона на границата помеѓу двете Кореи, е една од неколкуте воени бази кои што властите од Пјонгјанг се уште ги немаат приајвено.

Ова стои во извештајот на на Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон – “Beyond Parallel”.


Во извештајот се додава дека во базата е сместена единица со големина на еден полк, а воената база исто така била опремена и со балистички ракети од среден домет „Нодонг-1“.

Јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“ пренесува дека постои можност оваа воена база да имала значајна улога во развојот на балистичката ракета “Пукусонг-2“, која што севернокорејската армија за прв пат ја тестираше во февруари 2017-та година, во екот на тензиите со Соединетите Американски Држави, Јужна Кореја и Јапонија.


Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот севернокорејски колега Ким Јонг Ун на самитот во јуни минатата година се договорија да се спроведе целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров, во замена за безбедносни гаранции за Пјонгјанг, како и укинување на жестоките санкции.

Доналд Трамп и Ким Јонг Ун би требало повторно да се сретнат кон крајот на февруари оваа година, а ова го потврдија од Белата куќа во текот на минатата седмица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг