Калајџиев и Цаца Николовска избрани да вршат надзор врз прислушувањето

Макфакс

21/01/2019

17:45

1.467

Големина на фонт

а а а

Комисијата за избори и именувања одлучи да се објави оглас за избор на тројца членови за граѓанскиот совет за надзор над Оперативно-техничката агенција (ОТА), која ќе го спроведува следењето на комуникациите, а четворица да се изберат од претходниот оглас.

Па така од пријавените осум, комисијата ги прифати кандидатурите на поранешната судијка Цаца Николовска, професорот Гордан Калајџиев, Филип Стојановски и Ице Илиевски.

Цаца Николовска ќе претседава со Советот, а предлогот на комисијата треба да се стави на дневен ред на следната пленарна седница.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ и Беса на Биљал Касами побараа целосно нов оглас за избор на членовите, но СДСМ и ДУИ предложија да се објави парцијален оглас, односно да се изберат 3-4 членови за да почне да функционира телото, а потоа да се избираат и другите членови.

По изборот на членовите, реакција стигна и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Изборот го сметаат за партизиран и оценуваат дека владејачкото мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ ги протуркало четирите членови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг