СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина законското усогласување на пензиите, а денес глуми загриженост

Макфакс

21/01/2019

17:17

658

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ е партија што го укина законското усогласување на пензиите, манипулираше со пензионерите, а денес глуми загриженост за пензионерите, реагираат од СДСМ на денешната прес-конференција на Владимир Ѓорчев.

Од таму обвинуват дека власта на ВМРО-ДПМНЕ со своитe лоши и, како што се вели, криминални политики зад себе оставила огромен дефицит во фондот на ПИОМ и директно им наштетила не само на сегашните туку и на идните пензионери.

„За разлика од таквиот неодговорен однос, Владата предводена од СДСМ обезбедува редовна исплата, континуиран и стабилен раст на пензиите. Ако во 2016 година просечната пензија изнесувала 13.754 денари, во 2018 година таа изнесува 14.421 денари. Владата со закон дефинираше дека пензиите ќе се усогласуваат редовно, и тоа двапати во годината, а воведена е законска одредба за усогласување на пензиите од 1 април, доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален раст повеќе од 4%“, стои во партиската реакција.

Од СДСМ истакнуваат дека уште од самиот почеток на мандатот, Владата носи нови мерки и законски решенија што се во интерес на граѓаните.

„Пензионерите кои примаат помалку од 14 000 денари пензија добиваат бесплатно болничко лекување. Рударите се пензионираат само со работен стаж. Со усвоените законски измени, жените ќе одат во пензија со 35, а мажите со 40 години работен стаж, што беше долгогодишното барање на рударите кое ВМРО-ДПНЕ го игнорираше“, велат од владејачката партија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг