Димитријевиќ перфектен, Хувентуд со убедлива победа до завршниот турнир во Копа Дел Реј

Дерби

21/01/2019

12:51

811

Големина на фонт

а а а

Ненад Димитријевиќ и Хувентуд забележаа убедлива победа над Сан Пабло Бургос од 87-65 во мечот од последната рунда од првиот дел од сезоната во шпанскиот шампионат.

Клубот од Каталонија беше доминантен на овој дуел, ги доби убедливо првите три четвртини што беше доволно за славје со кое всушност и обезбеди тикет за завршниот турнир во Купот на Кралот кој ќе се игра во месец февруари во Мадрид.

Аргентинецот Лапровитола со 18 поени беше лидер кај победникот за кој македонскиот репрезентативец Димитријевиќ реализираше 6 поени (2/2 за еден, 2/2 за два), 1 скок и 2 асистенции за 11 минути на теренот.

Хувентуд со 20 бода е на седмото место на табелата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг