Погребан убиениот градоначалник: Илјадници луѓе му оддале последна почит на првиот човек на Гдањск

Точка

19/01/2019

17:23

2.235

Големина на фонт

а а а

Илјадници луѓе присуствувале на погребот на градоначалникот на Гдањск, Павел Адамовиќ, кој починал откако бил забоден со нож во текот на хуманитарниот настан во центарот на овој полски град.

Телото на Адамовиќ вчера во придружба на неколку илјади луѓе било пренесено во Базиликата Света Марија во Гдањск, каде денес било кремирано. 

Пепелта на Адамовиќ во црна урна била погребана во една од капелите на Базиликата Света Марија, јавува "AP".

Народот кој во Гдањск се собрал да му оддаде почит на градоначалникот можел во живо да го гледа обредот на големи екрани.

На погребот присуствувале полски и европски службеници, меѓу кои биле и претседателот на Полска, Анджеј Дуда, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, премиерот на Полска Матеуш Моравијецки, поранешниот претседател на Полска Лех Валенса, поранешниот претседател на Германија Јоакин Глук и други.

Лидерот на полската владејачка конзервативна партија, Јарослав Качински, не присуствувал на погребот, пренесува "Independent".

Адамовиќ бил нападнат во неделата на 13-ти јануари, а починал ден подоцна.

За нападот е осомничен маж кој минатиот месец бил ослободен од затвор, откако отслужил казна од пет и пол години, поради ограбување на банка.

Напаѓачот рекол дека тоа е одмазда за партијата Граѓанска платформа, за време на чие владеење тој завршил во затвор поради грабеж на банка.

Адамовиќ бил член на таа партија до 2015-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг