Судот не „паднал“ на солзите: Дадилка од пеколот се обидела да загуши 2-месечно бебе со влажни марамчиња

Точка

19/01/2019

14:22

3.756

Големина на фонт

а а а

Дадилка од Њујорк која се обидела да го убие новородениот син на своите работодавци, пикајќи му влажни марамчиња длабоко во грлото, викала во судницата и се колнела во својата невиност, пред да биде осудена на 15 години затвор.

Маријен Бенџамин-Вилијамс (47) е обвинета во понеделникот за обид за убиство и давење на 2-месечниот Максвел Блутрајх, во мај 2017-та година.

Бенџамин-Вилијамс е прогласена за виновна минатиот месец. Таа му пикнала марамчиња на бебето длабоко во неговото грло и го оставила да се бори за воздух, додека го чувала во домот на неговото семејство во Менхетен. Докторите успеале да го спасат Максвел и да му го отстранат „купчето со марамчиња“ од грлото, после што крварел од устата и се борел за воздух. Претставниците од болницата наведуваат дека марамчињата биле толку длабоко во грлото на детето, што на прв поглед не се забележувале.

Адвокатите на дадилката алудирале на тоа дека детето можеби само се обидело да ги изеде марамчињата или дека неговата 14-месечна сестра можела да му ги стави во уста. Тужителите тврдат дека Бенџамин-Вилијамс се обидела да го загуши бебето, бидејќи била фрустрирана и незадоволна од платата која ја добивала од родителите на бебето, д-р Салмон Блутрајх и Мередит Зондлер-Базар.

„Маријен Бенџамин-Вилијамс ја запечатила својата судбина кога се обидела да го убие 2-месечното бебе за кое се грижела, на толку суров начин“, рекол адвокатот Сајрус Р. Венс јуниор.

„Но, нејзината склоност кон лажење, најпрво кога се обидувала да се вработи, а потоа кога се обиде за злочинот да ја обвини сестрата на жртвата, само ја влоши работата, додавајќи одвратни детали на целиот случај“, додал тој.

„Нејзиниот злочин продолжува да го прогонува семејството, оставајќи трага која ќе влијае на животот во иднина на 2-годишниот син. Би сакал да им се заблагодарам на тужителите што ја осигурале значајната затворска казна во овој случај, бидејќи друго семејство не би можело да го направи тоа“, заклучил тој.

Бенџамин-Вилијамс најпрво инсистирала на тоа дека направила сè што може за да го спаси детето, по што тоа повратило за време на хранењето и почнало да испушта чудни звуци со шушкање. „Му реков да остане со мене“, изјавила тогаш.

Дадилката на присутните во судницата им рекла дека ја повикала мајката на Максвел и дека од неа побарала да повика брза помош, за таа да може да се фокусира на бебето, бидејќи се плашела дека е на раб на смрт. Таа рекла дека му го намокрила лицето на бебето и дека го удрила неколку пати за да го врати во живот.

Бенџамин-Вилијамс тврдела дека ја применила техниката за спасување „Хејлих маневар“, удирајќи го 2-месечното бебе по грбот и пикајќи му прсти во устата, за да провери дали некој предмет му ги затвора дишните патишта. Докторите подоцна откриле длабоки рани во устата на детето, кои обилно крвареле и морале да се сошијат. Дадилката на судот му бјаснила дека тие потекнуваат од нејзините нокти, додека ја изведувала гореспоменатата техника.

Тужителите истакнале дека повредите на јазикот на Максвел настанале од тежок предмет, кој дадилката наводно го користела за да ги пикне влажните марамчиња длабоко во грлото на бебето. „Никогаш не се обидов да го убијам Максвел. Никогаш не го повредив“, изјавила за време на сведочењето. „Се радував кога одев на работа“, додала таа.

Таа е осудена на 15 години затвор поради обид за убиство, напад, давење, кривично поседување на фалсификувани документи и загрозување на детето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг