Тука се собирала елитата, а една од куќите е посебно изградена за Сталин: Некогаш прекрасната бања сега се распаѓа, а еве кој живее во неа

Точка

19/01/2019

13:37

3.652

Големина на фонт

а а а

Во дваесеттите години на минатиот век, бањата Тскалтубо во централна Грузија била многу популарно место, особено поради своите извори.

Повеќе од 1000 години се смета дека водата на ова подрачје има лековити својства. Со оглед на тоа што сѐ било финансирано од страна на државата, граѓаните добивале ваучери за посета на бањата. 

До 50-тите години, Тскалтубо станал многу важен ресорт кој бил посетуван од илјадници луѓе. Поседувал 9 куќи за капење и 19 санаториуми кои личеле на хотели.

Една од куќите била посебно изградена за Јосиф Сталин. Меѓутоа, по распадот на Советскиот сојуз, бројот на посетители започнал да опаѓа, а иако одредени делови и понатаму се функционални, поголемиот дел од објектите се победени од страна на времето и природата.


“Купатилата сѐ уште имаат вода и никогаш не ја губат температурата од 33-35 Целзиусови степени. Сѐ што имало некаков живот во него, сега е напуштено”, изјавил фотографот Роман Роброек.


Но, не сите објекти се целосно напуштени – по падот на СССР избил конфликт во Абхазија поради кој илјадници луѓе морале да ги напуштат своите домови, а многумина од нив пронашле засолниште токму во Тскалтубо.


“Пред да дојдам да фотографирам, ги прашав за дозвола. Станарите кои ги сретнав беа многу љубезни иако воглавно комунициравме со гестикулации бидејќи не разбираат англиски јазик. Се надевам дека наскоро ќе имаат подобри времиња”, изјавил фотографот.

Се верува дека тука живеат околу 6 илјади раселени лица.




Спонзорирани линкови

Маркетинг