Љубовницата на Ел Чапо на судењето рекла дека верувала дека тие се пар, а потоа почнала да плаче: Реакцијата на неговата сопруга ги оставила сите во шок

Точка

19/01/2019

12:21

2.749

Големина на фонт

а а а

Санчез, која локалните медиуми ја нарекле "заменичка на Ел Чапо", признала дека влегла во врска со оженетиот нарко-бос во 2011-та година, кога неговата сопруга била бремена со близнаци.

Жената која рекла дека имала афера со нарко-босот Ел Чапо Гузман сведочела против него во четвртокот на судењето во Њујорк. 

Лусеро Гвадалупе Санчез Лопез (29) поранешна пратеничка во државата Синалоа, рекла дека врската која меша работа со задоволство предизвикува непријатности.

"Се до овој ден бев збунета бидејќи мислев дека сме во романтична врска", рекла таа додека сопругата на Ел Чапо, со која е во брак повеќе од една деценија, Ема Коронел, седела во галеријата во судницата.

Санчез Лопез рекла дека "некогаш го сакала Ел Чапо, а некогаш не", пренесува "Daily Mail".

Во текот на сведочењето наводната љубовница целосно се скршила и почнала да плаче, додека Коронел се смеела.

Додека сопругата на Ел Чапо излегувала од судницата, била видно расположена и им се насмевнувала на фоторепортерите.

Санчез, која локалните медиуми ја нарекле "заменичка на Ел Чапо", признала дека влегла во врска со оженетиот нарко-бос во 2011-та година, кога неговата сопруга била бремена со близнаци.

Проблемите почнале кога Гузман ја пратил Санчез да купи марихуана, со инструкции да подготви 400 килограми за секој авион.

Обвинителите на поротата и ги покажале пораките во кои се нарекувале "љубов моја", додека планирале како најдобро да ја преместат дрогата, иако некои од пораките на Гузман звучеле заканувачки.

Односот меѓу нив почнал да се влошува во 2012-та година, но таа мислела дека никогаш нема да прекинат.

Рекла дека го посетила во една од неговите бројни скривници во Кабо Сан Лукас и дека комуницирала со него преку мобилниот кој тој и го дал. Кога во 2014-та година ја повикал во една од безбедните куќи, веднаш прифатила.

Претходно еден агент на ДЕА опишал дека Гузман избегнал апсење во 2014-та така што побегнал преку системот за канализација, додека властите на САД рекле дека Санчез била со него во тоа време.

"Слушнав многу удари и звук на хеликоптери, слушав и викање" рекла Санчез пред поротниците и истакнала дека во тој момент, на 16-ти февруари 2014-та, била во кревет со Гузман.

Заедничките сили на САД и Мексико се обиделе да влезат во куќата, кога Ел Чапо, и натаму гол, истрчал во бањата, притиснал копче, а под кадата се отворил таен тунел за бегство.

"Беше многу мрачно и бев исплашена. Тој побегна, а нас не остави", додала таа.

Санчез го следела нарко-босот во тунелот кој водел далеку од куќата, а во еден момент почувствувала дека гази на вода.

Наводно по тој мрак одела околу еден час.

Агентот на ДЕА, Виктор Васкез со снимки сведочел за неуспешниот обид за апсење во куќата во која биле нарко-босот и неговата љубовница.

Лусеро Гвадалупе Санчез Лопез била уапсена во Сан Диего во Калифорнија во 2017-та година, откако било откриено дека помагала во перењето на пари и шверцот на дрогата за картелот Синалоа.

Таа се договорила со обвинителите за да ја намали својата казна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг