Еден од најубавите грчки острови крие мрачна тајна: Зошто умираат толку млади лица?

Точка

18/01/2019

17:50

6.095

Големина на фонт

а а а

Болеста на Наксос претставува наследна кардиомиопатија која најмногу на светот ја погодува Медитеранската област, а особено овој остров кој има висока стапка на смртност на млади лица, најчесто спортисти.

Станува збор за аритмогена кардиомиопатија на десната срцева комора. Во овој случај, болеста се изразува на специфичен начин, во комбинација со дерматолошко заболување – хиперкератоза на дланките и стапалата. 

Симптомите варираат од палпитација на срцето до изненадна смрт која може да биде прва и последна манифестација на болеста. Во понапредните фази, може да дојде до застој на десната срцева комора, а доколку болеста продолжи да се развива, истите симптоми ја зафаќаат и левата срцева комора.

Родителите имаат 25 отсто шанса да ја пренесат оваа болест на своите деца, доколку и двајцата го носат тој ген. Освен на Наксос, епидемијата на оваа болест трае со векови и на Милос, Евија, но и во Турција, Израел и Саудиска Арабија, што е доказ дека болеста е поврзана со историјата на Медитеранот и миграцијата на населението.


Генот кој е дел од ДНК носи кодирана информација за конструкција на одреден ген. Секоја мутација во овој ген се наследува преку потомството како патолошки ген, што понатаму создава патолошки (мутиран) протеин кој е одговорен за нарушување на функциите на организмот, предизвикувајќи болест. Во случајот на синдромот Наксос, мутацијата на генот е лоцирана на 17-тиот хромозом.

Со оглед на тоа што во светот, од кардиомиопатија заболува еден од 5000 лица, ситуацијата на островот е особено опасна бидејќи станува збор за осум заболени на 100 жители. Токму од тие причини, грчкото Министерство за здравје наредило задолжителна генетска дијагностика за сите 5000 жители на Наксос, за болеста веднаш да се дијагностицира, а прегледите се бесплатни.

Исто така, грчките кардиолози во соработка со странските колеги вложуваат сериозен напор во проучување на болеста или синдромот Наксос, што ќе помогне во понатамошното разбирање на кардиомиопатијата ширум светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг