Навивачите на Манчестер Јунајтед може да здивнат: Детето на клубот добива нов договор

Дерби

18/01/2019

12:44

972

Големина на фонт

а а а

Медиумите во Англија пренесуваат дека од раководството на Манчестер Јунајтед се подготвени да му понудат, нов, побогат договор на офанзивниот фудбалер на клубот, Маркус Рашфорд.

Според „Мирор“ 21 годишниот фудбалер со новиот договор кој ќе му биде ставен на маса во следниот период ќе заработува двојно повеќе отколку што заработува сега и ќе има плата од 150.000 фунти неделно.

Англискиот интернационалец блеска под водство на Оле Гунарс Солскјер на позицијата шпиц постигнувајќи четири погодоци на шест средби.

Реал Мадрид и Јувентус се распрашуваат за Рашфорд на кого актуелниот договор му истекува за 18 месеци, но со новиот договор кој ќе му го понуди Манчестер Јунајтед ќе го „врзат“ за клубот уште долго време.



Спонзорирани линкови

Маркетинг